Краток историјат

Печати
ЕЛТИС КОМПАНИ ДООЕЛ  - СЕРВИС ЗА ГОРИЛНИЦИ е формирана 1988година, и благодарение на квалитетниот и професионалниот пристап кон своите клиенти опстојува на пазарот веќе 24 години..
Основна дејност на фирмата е  продажба, монтажа и сервисирање на горилници  на нафта, мазут и гас.

Овластен сервис сме на реномираната Германска фирма “ WEISHAUPT “ а ги монтираме и сервисираме сите видови на горилници што постојат на нашиот пазар: Ecoflam, Riello, Giersch, Baltur, Lamborgini, Saacke, Elco, Hamworts, Venterm и др.

Располагаме со високостручни сервисери  кои поседуваат сертификати од фирмите за кои сме овластени  и  сервисот е на располагање  24 часа за нашите коминтенти.

Располагаме со резервни делови неопходни за сите горилници и котловска автоматика  за сите котли како за низок така и за висок притисок.

Раполагаме со мерен инструмент TESTO 330 2LL  - за комјутерско штелување на согорувањето на горилниците со кој се овозможува максимално економично( во однос на потросувацката на гориво, нафта, мазут, гас)  и еколошко работење  ( здрава животна околина ) и  вршиме мерење на емисијата на гасови при согоруванјето.